• вторник, 24 декември 2024

Организацијата ,,Жена" од Делчево го одржа своето Годишно собрание

Организацијата ,,Жена

Делчево, 19 ноември 2024 (МИА) -  Невладината организација ЖЕНА со седиште во Делчево го одржа своето Годишно собрание. На Собранието, како што информираа денеска од Организацијата беа донесени значајни стратешки документи кои ќе го водат понатамошниот развој на организацијата. 

-Овие документи претставуваат темел за јакнење на организациската структура и за постигнување на долгогодишните цели Цел на овие документи е да се зајакне капацитетот на Организација ЖЕНА за понатамошен раст и развој, како и да се обезбеди стабилност во работата, а во исто време да се создадат услови за иновации и соработка со други партнери и организации, истакнаа од Организација ЖЕНА.

Овие стратешки насоки како што додадоа оттаму ќе бидат клучни за унапредување на целите за поддршка на жените и зајакнување на нивните права и можности во сите сфери на општеството.

-Со донесувањето на овие документи, Организација ЖЕНА продолжува да гради силна и одржлива основа за реализација на својата мисија, со фокус на постигнување на конкретни и мерливи резултати. Донесените стратешки документи претставуваат клучен чекор во насока на остварување на визијата на Организација ЖЕНА, која се стреми да биде лидер во промовирање на правата и можностите на жените во регионот, додадоа од Организацијата.

Организацијата Жена деновиве реализира серија работилници за  подигање на свеста кај жените за превентивните прегледи. вс/сст/

фото МИА 

Остани поврзан