• понеделник, 23 февруари 2026

Организаторите немаат планови да го откажат турнирот во Акапулко поради немирите во Мексико

Организаторите немаат планови да го откажат турнирот во Акапулко поради немирите во Мексико

Акапулко, 23 февруари 2026 (МИА) - Организаторите на тенискиот турнир АТП 500 во Акапулко немаат планови да ги откажат натпреварите поради немирите во Мексико.

Вчера беше убиен водачот на нарко-картелот Немесио Осегера Сервантес, со прекар „Ел Менчо“. Како одговор на тоа, членови на криминални групи започнаа немири во Мексико.

- Изјавуваме дека информациите што циркулираат во некои медиуми и на социјалните медиуми за наводното откажување на турнирот поради безбедносни причини се лажни. 
Турнирот не издаде никакви известувања за откажување. Натпреварувањето ќе продолжи според распоредот, а операциите продолжуваат нормално.
Ние сме во постојана координација и соработка со федералните, регионалните и општинските власти во рамките на утврдените безбедносни протоколи.
Ги молиме претставниците на медиумите, спонзорите и навивачите да ги проверуваат сите информации исклучиво преку официјални извори, објавија организаторите на турнирот во Акапулко.

Оваа недела, турнирот ВТА 500 ќе се одржи во Мерида, Мексико. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан