• среда, 25 декември 2024

Орбан прогласи победа: Освоивме толку многу што може да се види од Месечината

Орбан прогласи победа: Освоивме толку многу што може да се види од Месечината
Будимпешта, 3 април 2022 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори. Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро“. „Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел“, рече Орбан. Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција. Резултати од 74,52 проценти од обработените избирачки места: Фидес: 54,45 проценти Обединети за Унгарија: 33,72 отсто Движење на нашата татковина: 6,40 отсто Состав на Парламентот: Фидес: 135 пратеници Обединети за Унгарија: 57 пратеници Движење на нашата татковина: 7 пратеници
Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ.
Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај, кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.
Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите. паг/
     

Остани поврзан