• четврток, 26 декември 2024

Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

Будимпешта, 9 јуни 2023 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е „неприфатлив“.

„Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат на сила да ги преселат мигрантите во Унгарија“, рече Орбан, а на Твитер го постира портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.

Тоа, како што кажа Орбан, е „неприфатливо“.

Министрите за внатрешни работи на членките на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола. сд/

фото:архива

Остани поврзан