• четврток, 05 март 2026

Орбан: Нема технички пречки на „Дружба“, Зеленски треба веднаш да дозволи испораките со нафта да продолжат

Орбан: Нема технички пречки на „Дружба“, Зеленски треба веднаш да дозволи испораките со нафта да продолжат

Будимпешта, 2 март 2026 (МИА)  - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека врз основа на достапните сателитски снимки и оперативни податоци, јасно е дека нема технички пречки за работата на нафтоводот „Дружба“ и затоа го повика украинскиот претседател, Володимир Зеленски, веднаш да ги продолжи испораките на нафта по цефководот.

Орбан информацијата ја соопшти на состанок за советот за национална безбедност, а откако доби детален извештај за нападот врз нафтоводот „Дружба“ и неговата состојба, објавува унгарскиот „Немзет“.

Тој во видео порака на својата Фејсбук страница изјави дека е утврдено дека нападот не влијаел директно на нафтоводот и дека затоа нема техничка пречка за негово рестартирање.

Тој додаде дека поврзаните сателитски снимки ќе бидат достапни за сите.

„Уште еднаш го повикуваме претседателот Зеленски да го рестартира нафтоводот „Дружба“ и да им дозволи влез на унгарските и словачките инспектори за да го разјаснат спорното прашање.

Ќе продолжиме со нашите контрамерки сè додека Украинците не ги продолжат испораките на нафта. Она што го прави Зеленски е едноставно уценување на Унгарија, но Унгарија нема да се откаже и ние ќе ја прекинеме блокадата на нафтата“, рече Орбан.сд/ми/

Фото:Орбан ФБ

Остани поврзан