• среда, 30 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

Анталија, 12 април 2025 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше односот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „неодговорен и опасен“, јави Анадолија.

Орбан ја даде оваа изјава по средбата со претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, што се одржа на маргините на 4. Дипломатски форум во Анталија.

- Постапките на Брисел кон Западен Балкан, вклучително и поткопувањето на демократски избрани лидери, се неодговорни и опасни. Таквите тактики само ја засилуваат нестабилноста во регионот, изјави Орбан.

Тој додаде дека Унгарија останува посветена на промовирање на мир, меѓусебно почитување и разбирање меѓу соседните земји, како и на јакнење на односите со сите партнери низ регионот.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан