• сабота, 21 декември 2024

Орбан: Договорот за поделба на врвните раководни позиции во ЕУ е срамен 

Орбан: Договорот за поделба на врвните раководни позиции во ЕУ е срамен 

Брисел, 27 јуни 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека Унгарија нема да го поддржи договорот за поделбата на врвни раководни позиции постигнат меѓу Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“, оценувајќи го како „срамен“. 

- Тој не се базира на резултатите од изборите. Ако се базираше на изборите, ќе требаше да биде коалиција меѓу ЕПП, социјалистите и ЕЦР (Европските конзервативци и реформисти) кои се трати. Но, наместо ЕЦР е земена „Да ја обновите Европа“, што е доказ дека ова е партиски договор, срамен договор, истакна Орбан, додавајќи дека Унгарија „не може да го поддржи овој договор“. 

Запрашан дали ќе му недостига холандскиот премиер Марк Руте, кому ова му е последен Самит на ЕУ пред преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО, Орбан одговори дека „тоа би било претерување“. 

Во однос на случувањата во Грузија и критиките од европските лидери пред се во врска со усвојувањето на т.н. Закон за странски агенти, Орбан истакна дека не гледа причина за толкава врева, бидејќи грузиската Влада добро си ја врши работата и економијата на земјата напредува. сп/

Фото: Скриншот

 

Остани поврзан