• недела, 24 ноември 2024

Орбан го осуди рускиот напад на Украина

Орбан го осуди рускиот напад на Украина
Будимпешта, 24 февруари 2022 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина.
„Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“.

Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина и дека е подготвена да ги прими луѓето кои бегаат од Украина. паг/
 

Остани поврзан