• четврток, 26 декември 2024

Орбан в петок патува за Флорида на средба со Трамп

Орбан в петок патува за Флорида на средба со Трамп

Будимпешта, 4 март 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан в петок ќе се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, јавија британските медиуми .

Орбан неодамна отворено ги поддржа напорите на неговиот долгогодишен сојузник оваа година да се врати на функцијата претседател на САД.

За Трамп, пак, десничарскиот унгарски премиер, кој редовно се противи на Европската унија, е „голем лидер“.

Конзервативната политика на Орбан беше поздравена од популистите во САД, а Унгарија беше домаќин на состаноците на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во последниве години.

Следниот месец Унгарија по трет пат ќе биде домаќин на CPAC.

Унгарскиот премиер, кој одби да испрати оружје во Украина и одржува блиски економски врски со Русија и по инвазијата, постојано повторува дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

-Тоа не е коцкање, туку обложување на единствената разумна шанса, ние во Унгарија се обложуваме на враќање на претседателот Трамп, рече Орбан. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан