• четврток, 26 декември 2024

Ора њуз: Жителите на Голо Брдо се жалат дека се заборавени и бараат инвестиции од Владата во Тирана

Ора њуз: Жителите на Голо Брдо се жалат дека се заборавени и бараат инвестиции од Владата во Тирана

Тирана, 11 октомври 2022 (МИА) - Жителите на областа Голо Брдо на границата со Северна Македонија се чувствуваат заборавени и напуштени од албанската влада. Состојбата на патот, мостот Черенец-Требиште, според нив, е доказ за недостиг на внимание што доведува до напуштање на руралните средини, стои во прилогот на албанската телевизија Ора Њуз. 

-Патот од мостот на Черенец до Требиште, на пример, е во надлежност на Албанската агенција за патишта, а тој, самите гледата е скандал. Од Нур и Залит до Требиште не е ставено рака, тоа е макадамски пат со многу дупки, вели еден жител.

За жителите од областа Голо Брдо, тоа е доказ за напуштеност и заборав од албанската Влада. 

-Нашите села се запоставени, заборавени. Никој не прашува дали сме живи или мртви. Доаѓаат само кога им требаат гласови, а потоа повторно молк, никаква активност, само празни ветувања. Нема никаква реакција од институциите за нашата загриженост. Нема основни услови за живот и затоа секојдневно ја напуштаат истата, се жалат жителите на оваа област.  

Жителите на Голо Брдо, наведува телевизијата,  поминуваат два гранични премини со Северна Македонија, најпрво Требиште-Џепиште па преку Дебар минуваат на преминот Блато, за да одат во центарот на општината во градот Булќиза за да добијат услуга, бидејќи патот што го поврзува подрачјето на Голо Брдо со Булќиза е амортизиран и неасфалтиран. 

Областа опфаќа 22 места населени главно со Македонци и е една од најнеразвиените области во Албанија. До падот на комунизмот имало над 35 илјади жители, а сега таа бројка е околу 10 илјади. Главно мигрирале во други делови на Албанија, во градовите Елбасан, Либражд и Тирана, во странство, пред сè, во Грција, а помал број во Северна Македонија. вт/вг/

Остани поврзан