• сабота, 28 декември 2024

Општинскиот Црвен крст помогнa четири велешки семејства од продажбата на џиновската пита пастрмајлија

Општинскиот Црвен крст помогнa четири велешки семејства од продажбата на џиновската пита пастрмајлија
Велес,14 октомври 2022 (МИА) - Општинската организација на  Црвен крст од Велес преку своите млади активисти подели четири хуманитарни пакети со храна на четири семејства кои живеат во социјален ризик. Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК, средствата за оваа намена беа собрани од продажбата на џиновската велешка пита пастрмајлија во саботата. -Собравме 3200 денари, а  додадовме плус пари од нашиот буџет на Црвениот крст за да набавиме четири хуманитарни пакети во храна, а кои потоа ги поделивме на оние семејства на кои им се најпотребни, информира Николов. Пакетите се поделени на семејство со три деца, невработена самохрана мајка и две постари лица, информира Николов.ад/

Остани поврзан