• среда, 25 декември 2024

Општинскиот Црвен крст Велес почна со едукации на наставници и ученици за давање на прва помош

Општинскиот Црвен крст Велес почна со едукации на наставници и ученици за давање на прва помош

Велес, 3 ноември 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со своите волонтери-лекари  во  рамките на кампањата „Првата помош спасува живот“ оваа есен ќе едуцира околу 500 наставници и ученици од Велес и поширокиот велешки регион со општините Велес, Градско и Чашка за тоа како се укажува прва помош на настрадани во разни несреќи.

Оваа кампања  се реализира повеќе години нанназад, а такво предавање неделава веќе  одржаа за наставници од ООУ „Рајко Жинзифов“ во селото Горно Оризари, велешко.

Како што информира за МИА,Орце Николов секретар на ООЦК Велес, целта на едукацијата е наставниците да ги освежат своите знаења за оваа животно спасувачка вештина, а учениците да ја научат оваа важна вештина да знаат како правилно да укажат прва помош при разни несреќи па и во училиште и со тоа да го спасат нечиј живот во опасност.

 -Тие ги видоа постапките при срцево-белодробно оживување, крварења, рани, скршеници, повреди и останати ситуации во кои треба да се пружи прва помош. Едукацијата ја изведе д-р. Марија Давчева волонтер во над 25-годишно искуство во Црвениот крст и тренер по прва помош, појасни Николов. ад/дма/


Фото: Општинска организација на Црвен крст Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан