• четврток, 28 ноември 2024

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара зголемување на бројот на епидемиолози

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара зголемување на бројот на епидемиолози
Куманово, 26 март 2020 (МИА)
 
Општинскиот кризен штаб Куманово повторно бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во Центарот за јавно здравје-Куманово, да го  зголеми бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територијата на општината.

- Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на ставот дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму им препорачуваат на  стопанствениците и дистрибутери на автомати за кафе на територија на општина Куманово да ги исклучат од употреба. Правните субјекти (маркети, аптеки и друго) да вршат зачестена дезинфекција  во внатрешните, деловни простории. И банките треба почесто да ги дезинфицираат банкоматите.ам/ир

Остани поврзан