• среда, 25 декември 2024

Општина Јегуновце со отчет за сработеното во 2023 година

Општина Јегуновце со отчет за сработеното во 2023 година

Тетово, 9 декември 2023 (МИА) - Новоизградена фекална канализација и воводод за селото Жилче, водоснабдителен систем за Шемшово, и реконструкција на библиотеката „Светлина“ во Прељубиште се дел од активностите содржани во отчетот за работа на Општина Јегуновце во текот на изминатата 2023 година што денеска го претстави градоначалникот Димитар Костадиноски.

Тој истакна дека оваа активност се реализира со цел општината да биде транспарентна пред граѓаните, а воедно да се претстават спроведените проекти.

- Годинава пуштена во употреба е новоизградената фекалната канализација и водовод за Жилче, а водоснабдителен систем и за Шемшово. Извршена е реконструкција на Библиотеката Светлина во Прељубиште, надворешниот дел е фасадиран, ограден и уреден партерно. Во Вратница реконструиран е интернатот комплетно со средства од буџетот на општината, каде во иднина ќе отвориме и подрачна градинка во склоп на градинката во Јегуновце. Во Сиричино, подрачното училиште беше комплетно реновирано внатрешниот дел, заменета беше кровната конструкција, поставена топлински пумпа, каде што и во други подрачни училишта има заменето затоплување, па наместо со дрва, ќе се греат преку топлотни пумпи, со цел многу подобри услови за децата, за наставниците и за сите граѓани од тие населени места, рече Костадиноски.

Градоначалникот информираше и за почнувањето на проектот за регулација на и чистење на коритото на река Вардар, со кој Туденце, Копанце, Раотинце и Јегуновце ќе надминат децениски проблем со поплавите, а се очекува да биде завршен во 2024 година.

На новинарско прашања како ќе се подобри справувањето со отпадот во општината, Костадиноски рече дека наскоро треба да почне со работа и комунален инспектор.

- Отвориме јавно претпријатие и почнавме да ги чистиме депониите и исчистиме многу депонии на територија на општина Јегуновце и во секое населено место. Направиме јавно приватно партнерство со нов концесионер за собирање на канти. Домаќинствата, сега достигна до 1600 канти со тоа што 90 проценти од нашите сограѓани имаат добиено канти за смет. Имаме административен кој најдовме на жалост со централната власт, со тоа што општина Јегуновце нема комунален инспектор и не можеме да функционираме сега колега вработен во општината е назначен за комунален инспектор. Во моментов полага зема лиценца каде што во блиска иднина ќе стане овластен лиценциран инспектор за комунални дејности со тоа што ќе може да излеземе на терен. Не да санкционираме во старт, односно да превенираме, да апелираме и да почнеме со опомени со тоа што да го подигнеме нивото и свеста на секој наш сограѓанин дека ова е животна средина за нас, за нашите граѓани и за нашите деца, за нашите поколенија, посочи Костадиноски.

Градоначалникот ја повика централната власт да ја поддржи општината.

- Јас како градоначалник гледам максимално да направам добро во секое населено место и со секого да бидам во комуникација, без разлика на политичката и верската припадност, но поддршката од централната власт реално ја немаме и жалам зошто тоа се случува. Не е добро да се политизира, ги повикувам да се работи во интерес на нашите граѓани, бидејќи без тоа нашите села остануваат празни и затоа треба да дадеме сите максимум од себе да нашите села, односно нашата општина ја направиме на повисоко ниво со тоа што ќе има подобри услови за живот, за нас, за младите и за постарите и за секој жител на општина Јегуновце, рече Костадиноски.

Од проектите што биле планирани но остануваат да се реализираат во иднина Костадиноски ја истакна идејата за мини-индустриската зона помеѓу Подбреѓе и Јанчиште, фекална канализација и колекторски систем за Ратае за 2024 година, како и проект финансиран од Светска банка за населено место Јегуновце.ас/ар
Фото: МИА 

Остани поврзан