• среда, 25 декември 2024

Општина Ѓорче Петров презема активности за подобрување на условите во основните училишта

Општина Ѓорче Петров презема активности за подобрување на условите во основните училишта

Скопје, 16 август 2024 

Во пресрет на новата учебна година преземаме активности во насока на подобрување на условите во општинските основни училишта.

Денес извршивме увид во градежни активности на ООУ „Мирче Ацев". Се работи на реконструкција на ѕидовите низ целото училиште во вкупна површина од 8000м² и реконструкција на 10 тоалети.

Дополнително обезбедени се услови за непречено одвивање на наставата во една смена. Со ова учениците повеќе нема да посетуваат настава во попладневните часови.

Нашиот мотив е да обезбедиме подобри, современи и достојни услови за следење на наставата на нашите најмлади. Нашите ученици заслужуваат своите училишни моменти да ги поминуваат во соодветни услови.

Да вложуваме во нашата младина, бидејќи тоа е нашата иднина. Образованието е огледало на државата.

Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе продолжи да реализира проекти кои се во насока на подобрување на животот на сите граѓани.

 

Општина Ѓорче Петров

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан