Општина Ѓорче Петров: Празниците се за заедништво, хуманост и грижа - пакети со храна и хигиенски средства за најранливите категории
- Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализира хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства, информираат од Општината.
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализира хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства, информираат од Општината.
Со поддршка на општествено одговорни компании биле обезбедени над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои им беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна.

- Оваа активност е дел од континуираната заложба на Општината да гради заедница заснована на солидарност, човечност и вистинска грижа за граѓаните, со посебен акцент на децата и најранливите категории. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија и придонесоа оваа иницијатива да донесе празнична радост и чувство на поддршка во многу домови - се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Од Општината најавуваат дека и натаму ќе продолжат со активности што ја зајакнуваат заедницата и ја потврдуваат определбата дека празниците се време за споделување, грижа и заедништво. сст/вј/
Фото Општина Ѓорче Петров