• четврток, 26 декември 2024

Општина Штип предвреме исплати 25 милиони денари за заемот за реконструкција на старата водоводна мрежа

Општина Штип предвреме исплати 25 милиони денари за заемот за реконструкција на старата водоводна мрежа
Штип, 12 ноември 2022 (МИА) - Општина Штип предвреме уплати 25 милиони денари на Министерството за финансии за заемот, кој го има земено пред повеќе од една деценија за реконструкција на старата водоводна мрежа. Уплатата е со цел Општина Штип да добие позитивно мислење за ликвидноста. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов појаснува дека со ова  полесно ќе им се издаде обврзницата и да се продолжи со исплаќање на долгот кон Министерството, но и вложување во капитални инвестиции на територија на Штип. -Во изминатите неколку денови сервисиравме предвреме долг во висина од 25 милиони денари за практично да добиеме една позитивна оцена од страна на Министерството за финансии за ликвидност на Општината, за позитивно буџетирање, менаџирање за да може практично полесно да ја издадеме обврзницата, која ќе значи изградба и изведба на капитални инвестиции во иднина за која цел се и издава оваа обврзница. Целта на оваа локална власт е не само да ги враќа долговите кои биле наталожени од минатото, туку практично со нови финансирања да изградиме нови проекти, вели Јорданов. Тој додаде дека за една година исплатени се еден милион евра, а за првпат долгот се сервисира на месечно ниво и уверува дека до крајот на мандатот овој долг ќе биде целосно исплатен. -Неколку пати до сега во јавноста имаме истакнато дека ЈП „Исар“ отплаќа на месечно ниво долг кој не бил сервисиран со години и кој ние како нова локална власт за првпат зедовме обврска на месечно ниво да го враќаме. Досега Општина Штип како гарант и ЈП „Исар“ на Министерството за финансии во оваа измината година вративме вкупен износ од еден милион евра, што за нас да бидам искрен во енергетска криза и во фаза на реализација на капитални проекти е еден подвиг кој ќе продолжи и во понатамошниот период, затоа и најавивме дека до крајот на овој мандат во целост ќе го вратиме кредитот кој бил подигнат пред 20 и повеќе години и никој не го сервисирал, рече Јорданов. Минатата година поради неплаќање на ратите од кредитот под знак прашалник се стави и ликвидноста на претпријатието. вдј/ев/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан