Општина Штип обезбеди финаниска помош за сто пензионери со најниски примања
- Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Штип, 15 декември 2025 (МИА) – Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
-Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вели Јорданов.
Во пишаната објава се вели дека главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани. вдј/вј/
Фото: МИА архива