• петок, 27 декември 2024

Општина Штип доделува стипендии на осум дечиња со посебни потреби во прво одделение

Општина Штип доделува стипендии на осум дечиња со посебни потреби во прво одделение

Штип, 26 јануари 2024 (МИА) - Осум дечиња со посебни потреби од прво одделение во Штип ќе добијат стипендии од 6.000 денари од страна на општината.

Секретарот на Општина Штип Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција истакна дека на повикот за стипендирање, кој беше неоддамна објавен пристигнале неколку пријави, а стипендирани ќе бидат учениците кои ги исполнувале условите, односно се класифицирани во категорија деца со попречености.

Целта на проектот е да се помогне на родителите на овие деца за да може да ги набават неопходните работи за нормален раст и развој на своите дечиња.

-Општина Штип првпат неодамна го објави повикот за стипендирање на ученици од прво одделение, кои се класифицирани во категоријата деца со попречености. Веќе се прават првите исплати кои се во квартален износ од 6.000 денари и стипендиите ќе важат во периодот од септември до јуни, односно во учебната 2023/24 година. На повикот пристигнаа неколку апликации и сите оние кои ги исполнија условите веќе денес ќе ја имаат првата исплата. Овој проект е со цел да се поддржат родителите на овие ученици со цел на време да ги набавуваат суплементите кои се неопходни за нивен прав развој и раст, изјави денеска Шорова-Ангелова.

За овој проект општината издвои околу 500.000 денари од сопствениот Буџет, а тенеденција е проектот да се реализира и во наредните години, со цел помош на сите категории дечиња и нивните родители на територија на Штип. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан