• петок, 20 март 2026

Општина Чешиново - Облешево доби грант за обнова и пренамена на простории

Општина Чешиново - Облешево доби грант за обнова и пренамена на простории

Кочани, 19 март 2026 (МИА) - Градоначалникот  на општина Чешиново - Облешево Јорданче Костадинов потпишал договор за грант со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, со којшто ќе се овозможи реновирање и опремување на неискористени општински простории.

Просториите ќе бидат пренаменети во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, а активностите ќе ги финансира Министерството за социјална политика, демографија и млади. 

- Овие средствата ќе се искористат и за реконструкција со пренамена на старата амбуланта во Облешево,  со што ќе се реши проблемот со обезбедување доволен  капацитетите за згрижување во градинката „Ѕвездички“, информира општината. ис/лв/

фото: Општина Чешиново - Облешево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан