• петок, 27 декември 2024

Општина Чашка реконструира улици во село Долно Јаболчиште

Општина Чашка реконструира улици во село Долно Јаболчиште
Велес, 21 април 2020 (МИА) - Општина Чашка во селото Долно Јаболчиште изведува  градежните активности кои предвидуваат пробивање, изработка на заштитен канал, тампонирање и поставување на бекатон плочки на две улици во селото со вкупна должина од 300 метри и ширина од 2,5 метри како и поставување на заштитна ограда по должина на една улица. Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, за оваа намена, од буџетот на Општина Чашка се одвоени средства во висина од 750 илјади  денари, а изведувач на градежните зафати е фирмата „Минт Инженеринг" од Скопје и ЈПКД „Тополка" од Чашка  а во соработка со месното население.. -Со овие градежни работи и уредување на овие улици и заштитен канал ќе придонесеме за создавање на подобри услови за живеење на месното население,потенцира Стојановски. ад/ир

Остани поврзан