• среда, 25 декември 2024

Општина Чашка почна да бара решение за недостигот од вода за пиење во Извор и Долно Врановци

Општина Чашка почна да бара решение за недостигот од вода за пиење во Извор и Долно Врановци

Велес, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Чашка почна со барање нови дополнителни изворишта за здрава вода за пиење за жителите од населените места Извор и Долно Врановци. За оваа инвестиција од општинската каса се издвоени 600 илјади денари.

Градоначалникот Горан Стојановски информира дека  освен во овие две населени места, проблемот со вода за пиење ќе се решава и во уште неколку населени места во Општина Чашка.

Стојановски појасни дека со една машина дупчалка и втора со компримиран воздух започна бушењето на почвата на две различни локации, во  Извор и Долно Врановци, за обезбедување  вода за пиење.

Додаде  дека претходно  општината спровела тендерска постапка.

Воедно појасни дека локалната власт во претходни испитувања на двете локации обезбедила информации за количините на здрава, чиста и квалитетна вода за потребите на граѓаните и домаќинствата.

Недостигот од вода за пиење  е осебно изразен во летните месеци кога има и зголемена потрошувачка  од вода за пиење и други потреби на населението. Тогаш,  како последица на климатските промени, се намалуваат постоечките изворишта на вода, поради што  жителите од повеќе населени места во Општина Чашка  се соочуваат со недоволни количини. ад/хс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан