• среда, 13 ноември 2024

Општина Центар распиша Јавен повик за субвенција на дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет

Општина Центар распиша Јавен повик за субвенција на дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на општината, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година, известуваат од Општина Центар.

Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за  велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари, а ќе трае се до исцрпување на средствата што се предвидени во Буџетот на општината, како што се наведува во соопштението, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

-Преку проектот Центар на точак само минатата година субвенциониравме 134 жители кои купија нов велосипед и 7 за нов е-тротинет, а од оваа година за првпат во државата ќе се субвенционира и купување на дополнителна опрема за велосипеди и е-тротинети, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што  купил дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет има право да аплицира на Јавниот повик, ретроактивно од 1.8.2023 година. 

Потребните документи за аплицирање на Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција се објавени на веб- страницата на Општина Центар https://www.centar.gov.mk/?p=19005. Барањата со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар, барака бр.6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Правото на субвенција е еднократно. Сите дополнителни прашања граѓаните може да ги постават на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693. сх/вј/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан