Општина Центар: Исчистена дива депонија зад Амбасадата на Грција, да се пријавуваат проблеми со јавна чистота
- Во текот на вчерашниот ден ја исчистивме дивата депонија позади Амбасадата на Република Грција. Со камион се подигна отпад од мебел, пластика и картони. Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните, се истакнува во писмената изјава на Герасимовски.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информира дека општинските служби со механизација, во текот на вчерашниот ден ја исчистија дивата депонија лоцирана позади Амбасадата на Република Грција. Тој потенцира дека чистењето на дивите депонии е приоритет на Општина Центар, затоа што тие претставуваат закана за здравјето на граѓаните и животната средина, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
- Во текот на вчерашниот ден ја исчистивме дивата депонија позади Амбасадата на Република Грција. Со камион се подигна отпад од мебел, пластика и картони. Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните, се истакнува во писмената изјава на Герасимовски.
Како што се додава, станува збор за трета исчистена депонија изминатите неколку месеци.
- Претходно беа отстранети дивата депонија позади трговскиот центар „Буњаковец“, до катната гаража и дивата депонија во близина на трговскиот центар „Ист гејт мол“ што беше под надлежност на Градот Скопје, се додава во соопштението.
Градоначалникот ги повикува граѓаните да пријавуваат диви депонии и проблеми со јавната чистота, со цел навремена интервенција на општинските служби.
- Пријавите можат да се достават на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен за да ја подобриме хигиената во Центар. Само со заеднички напори, можеме да создадеме поубаво и почисто место за живеење, се додава во изјавата на Герасимовски. бд/дма/
Фото: Општина Центар