• среда, 27 ноември 2024

Општина Центар издаде решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“

Општина Центар издаде решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Овластен градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани и да го врати локалот во првобитна состојба. Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија“ на парцела која е земјиште во сопственост на државата, соопшти Општина Центар. Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата. Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета. Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.рп/са/  

Остани поврзан