• среда, 25 декември 2024

Општина Центар започна со редовна есенска дератизација

Општина Центар започна со редовна есенска дератизација

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар започна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести.

-Ова е една од општите мерки кои Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената заштита за 2023 година. Со дератизацијата ќе бидат опфатени над 2.000 шахти, и акцијата ќе биде спроведена и во следните неколку дена, информираат од Општина Центар.

Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен и е издаден  со одобрение од Министерство за здравство, за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет. љм/са/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан