• вторник, 24 декември 2024

Општина Центар: Една година успешна работа на културно-социјалниот простор Јадро

Општина Центар: Една година успешна работа на културно-социјалниот простор Јадро
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Општина Центар соопшти дека новоотворениот културно-социјален простор Јадро работи успешно година дена и оти и во вонредни околности организирани се повеќе успешни проекти од областа на културата. - И покрај вонредните услови за работа наметнати од глобалната пандемија од Ковид-19, КСП-ЈАДРО реализираше девет програмски линии и седумдесет содржини според Годишната програма за работа за 2020 година, а покрај тоа овозможи и бесплатно користење на просторот за осумдесет работно продукциски термини и реализација на програмски активности за повеќе од триесетина корисници од пошироката уметничка заедница, независната културна сцена и граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението. Програмските активности вклучувале предавања, интердисциплинарни работилници, изложби, поетски и литературни читања, театарски и танцови истражувања и перформанси, филмски дебати, музички концерти и проекти во областа на архитектурата, фотографијата и дизајнот. Дел од проектите што се реализирале со поддршка од Швајцарската амбасада и Министерството за култура се осум концерти на млади соло музичари и бендови, самостојна изложба „Идиоми” на уметникот Филип Велковски, театарска работилница за млади ентузијасти на тема „Граници”, авторска претстава „Нови мерки, старо другарство” под слоганот-Гледај театар од тераса, десетмесечен бесплатен курс за аудио продукција под менторство на Владимир Аговски и изложба на муралот на младиот уметник Сали Ертунч, насликан на фасадата на Културно социјалниот простор-ЈАДРО. Следен проект што ќе се реализира во рамки на КСП-ЈАДРО е проектот „Домашна работа, наша работа” на уметницата Кристина Божурска, кој ќе се реализира под менторство и во соработка со кураторот од Словенија, Теуш Логар. бак/

Остани поврзан