• среда, 27 ноември 2024

Општина Центар ги отстапи службените моторни возила за Полициската станица „Центар“

Општина Центар ги отстапи службените моторни возила за Полициската станица „Центар“
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на денешната вонредна седница донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“. Според Богдановиќ, со оваа мерка дополнително ќе се зголеми капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар. -Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19, рече Богдановиќ. Од Општина Центар посочуваат дека од почетокот на здравствената криза се спроведени повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар. -Во текот на изминатата година беа обезбедени нови велосипеди и велосипедска опрема за припадниците на полицијата, како и обезбедување на дезинфекциони средства, заштитни маски и отстапување на општиснки службени возила за успешно и ефикасно организирање на работата во услови на пандемија, соопштија општинските власти. Богдановиќ испрати апел до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата и од Министерството за здравство. -Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост и одговорност ќе можеме да се справиме со него, изјави градоначалникот Богдановиќ.бт/са/

Остани поврзан