• петок, 27 декември 2024

Општина Центар ги поддржа локалните здруженија и фондации со еден милион и петстотини илјади денари

Општина Центар ги поддржа локалните здруженија и фондации со еден милион и петстотини илјади денари
Скопје, 17 април 2021 (МИА) – Советниците од Советот на Општина Центар на последната 63-та седница ја изгласаа Одлуката за распределба на средства од Буџетот на општината за 2021 година, наменети за финансирање на здруженија и фондации. Од вкупно 68 пријави за финансиска помош, одобри се 27, кои целосно ги исполнуваат критериумите утврдени со Јавниот повик и Правилникот за постапка и начинот на распределба на финансиски средства на Општина Центар. -Како дел од редовните годишни активности за поддршка на локалните здруженија и фондации и во насока на зацврстување на соработката помеѓу невладиниот сектор и локалната самоуправа и оваа година, Општина Центар ја спроведува Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, информираат од Општината. Јавниот повик за прибирање на барања беше објавен на почетокот на јануари и во зададен рок од 30 дена, до Архивата на Општина Центар беа доставени вкупно 68 пријави за финансиска поддршка, од кои 27 целосно ги исполнуваат критериумите. -Одобрените проекти за 2021 година опфаќаат повеќе области, меѓу кои приоритет им се даде на здруженијата и фондациите што работат на поддршка на лицата со попреченост, заштита на деца и младинци, животна средина и одржлив развој, како и развој на демократијата и човекови права. Нивните активности засегаат повеќе категории на граѓани, од деца во претшколска возраст сѐ до повозрасни граѓани и пензионери, соопшти Општина Центар. Од Општината додаваат дека во согласност со добрата практика, а имајќи ја  предвид и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, вкупната сума од Буџетот на Општина Центаршто е распределен на 27 организации за оваа намена изнесува 1.500.000 денари. ки/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан