Општина Тетово со решение за зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност
- Општина Тетово информира дека градоначалникот Биљал Касами денеска донел решение со цел зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност на територијата на општината.

Тетово, 24 март 2025 (МИА) - Општина Тетово информира дека градоначалникот Биљал Касами денеска донел решение со цел зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност на територијата на општината.
Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста оваа одлука донесена согласно член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа, а има за цел дополнително да ги регулира активностите и објектите со голема фрекфенција на граѓани, како што се трговските центри, верските објекти, угостителските објекти и други.
-Оваа одлука, која е дел од тековната заложба на Општина Тетово за една администрација која работи за граѓаните, има за цел да обезбеди, секој субјект кој врши активности во објекти од јавен интерес, да ги почитува релевантните закони и стандарди. Конкретно, надзорот ќе се врши согласно Законот за градење, Законот за животна средина, Законот за квалитет на воздухот, Законот за управување со отпад и Законот за јавна чистота, се вели во соопштението.
Од Општина Тетово, велат дека овие инспекциски надзори се спроведуваат транспарентно и согласно највисоките стандарди.
-Целосен извештај кој ќе биде доставен до градоначалникот. Оваа иницијатива е уште еден чекор за да се гарантира безбеден и здрав град за сите наши граѓани и да се зајакне довербата на граѓаните во институцијата Општина Тетово. Ова е важен чекор за секој граѓанин на Тетово да може да живее во чиста и безбедна средина. Општина Тетово, предводена од градоначалникот Биљал Касами, спроведува политики кои му служат на општиот интерес, фокусирајќи се на зачувување на квалитетот на животот и подобрување на еколошките услови. Ова е уште еден доказ за непоколебливата определба на општината да ја гарантира заштитата на граѓаните и нивната животна средина, се вели во соопштението на Општина Тетово.
По завршувањето на надзорот, општина Тетово најавува дека ќе обезбеди детален извештај за сите преземени мерки и дејствија, кој ќе биде јавно објавен и достапен за за граѓаните на разгледување. ас/дма/
Фото: МИА архива