• недела, 24 ноември 2024

Општина Тетово со втор јавен повик за субвенции за набавка на инвертер клима уреди

Општина Тетово со втор јавен повик за субвенции за набавка на инвертер клима уреди
Тетово, 14 декември 2021 (МИА) - Општина Тетово попладневно објави уште еден втор јавен повик на кој граѓаните ќе може аплицираат за да добијат субвенција за набавка на инвертер-клима уред. Согласно буџетските можности 89 домаќинства маскимално ќе може да добијат ваква субвенција. - Само едно лице по  домаќинство  (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди но барателот мора да ги исполни условите од јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавка на сите уреди нема да надмине повеќе од 62.000,00 денари,  со вклучен  и пресметан  персонален данок на доход по домаќинство кој се исплаќа преку  Општина Тетово, се наведува во јавниот повик. Информации за потребната документација се објавени на интернет страницата на општината. На 11 август 2020 Општина Тетово го објави првиот јавен повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање на инвертер клима уреди согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување на мерки за унапредување на животната средина.ас/фф/

Остани поврзан