• среда, 25 декември 2024

Општина Тетово ги повика граѓаните на голема акција за чистење на градот

Општина Тетово ги повика граѓаните на голема акција за чистење на градот
Тетово, 18 март 2022 (МИА) - Во понеделник по повод Денот на пролетта, 21 март ќе се организира голема еко акција за чистење во градот, најави денеска Општина Теово и повика на масовна вклученост на граѓаните во акцијата. -Планирано е акцијата да опфати повеќе локации - критични точки, основни и средни училишта, диви депонии. Ги повикуваме сите заинтересирани поединци, здруженија, организации (НВО), компании, политички партии, да се приклучат на акцијата. Исто така, се повикуваат сите кои можат да помогнат со механичка или друга опрема, со цел акцијата да биде навистина ефективна и успешна, се вели во повикот. Од општината повикуваат и стопанствениците да се вклучат во акцијата со расчистување на просторот пред нивните објекти. -По тој повод, се известуваат сите трговци, сопственици на локали, продавници, ресторани, кафе барови, да се вклучат со свој придонес во акцијата преку чистење на просторот пред нивните локали. Дејствувајќи сите заедно, можеме да успееме да го направиме Тетово почист град, каков што сите посакуваме да биде. Заинтересираните, за подетални информации можат слободно да ни пишат на следниот е-маил: proffice@tetova.gov.mk. Сите заедно, за почисто Тетово, какво што го сакаме, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово. По преземањето на власта новиот градоначалник најави еко акција за чистење во ноември. Таа беше одложена поради трагедијата во Бугарија во  која во автобуска несреќа загинаа 45 луѓе меѓу кои и жители на Тетово. ас/вј/

Остани поврзан