• четврток, 26 декември 2024

Општина Тетово ги исплати сите заостанати плати за вработените во ЈКП Тетово-Тетово

Општина Тетово ги исплати сите заостанати плати за вработените во ЈКП Тетово-Тетово

Тетово, 25 декември 2024 (МИА) - Исплатени се во целост сите плати кон вработените на ЈКП Тетово - Тетово, информираа денеска од Општина Тетово.

- Овој чекор јасно ја покажува посветеноста на Општина Тетово кон достоинството и благосостојбата на секој вработен во ЈКП, кои се важен дел од нашата структура и секојдневно работат за да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Општина Тетово демонстрира вистинска посветеност да ги исполни своите обврски кон вработените и да осигура дека тие се третирани со почит и во согласност со законските прописи. За Општина Тетово, вработените не се само бројки во статистиката, туку се индивидуи кои ја сочинуваат основата на секој развој и напредок. Затоа, од самиот почеток, наш приоритет е да обезбедиме секој вработен да ја добие својата плата навремено и во согласност со неговите заслуги, информираат меѓу другото од Општина Тетово. 

Советот на Општина Тетово на 11 декември донесе одлука за покривање на загубите на ЈКП „Тетово“ во висина до 60 милиони денари за четири плати и придонеси 2024 година.

Во ЈКП  „Тетово“ сега се вработените од секторите Јавна чистота, Зелен пазар, Православни гробишта, Паркови и зеленило.  Дел од вработените сега се во комуналното претријатие за водовод и канализација „Шар“ и компанијата за менаџирање со отпад Саубермахер. ас/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан