• петок, 27 декември 2024

Општина Тетово: Во сите градинки извршени целосни реконструкции

Општина Тетово: Во сите градинки извршени целосни реконструкции

Тетово, 5 февруари 2021 (МИА) - Во завршна фаза е реконструкцијата на детската градинка „Спортски центар“  што е последен објект од вкупно петте во состав на јавната установа „Младост“ кои се целосно реновирани во изминатите осум години, информираат од Општина Тетово. Реконструкцијата е со средства од установата „Младост“ и со поддршка на оштината.

- Преку добри политики на управување, успеавме да ги намалиме долговите на градинките и истовремено да инвестираме во инфраструктурата и квалитетот на образовниот процес во сите градинки на ЈУДГ „Младост“ во Тетово, истакна градоначалничката Теута Арифи при посетата на оваа градинка.

Од установата потенцираат дека по завршување на реконструкција на објектите ќе се работи на нивната надворешност.

- Сега кога се реконструирани сите објекти не застануваме со работа. Продолжуваме со подобрување на условите во дворовите, игралиштата, оградите и сличната инфраструктура, изјави директорката Рамије Даути.

Објектот „Спортски центар“ има максимален капацитет за згрижување до 200 деца.ас/фф/

Остани поврзан