• среда, 25 декември 2024

Општина Тетово: Ако се повисоки комуналните сметки граѓаните да ги усогласат податоци со комуналното претпријатие

Општина Тетово: Ако се повисоки комуналните сметки граѓаните да ги усогласат податоци со комуналното претпријатие

Тетово, 20 март 2024 (МИА) - Општина Тетово известува дека од овој месец комуналните сметки ќе ги издава новото претпријатие па доколку граѓаните добијат повисоки износи да отидат за усогласување на податоците до просториите на ЈКП „Тетово“ на Зелен пазар или на претпријатието „Заубермахер“ во Палчиште.

Фактурата на „Заубермахер“ е за сите општински услуги, поточно за управување со комунален отпад, одржување на јавните површини и зеленило, како и снабдување со вода за пиење и одведување на атмосферски и отпадни води.

- По реструктурирањето на тетовското комунално претпријатие и доделувањето на концесија за управување со комунален отпад, Ве известуваме дека од овој месец првпат ќе се издаваат фактурите на новото претпријатие „Заубермахер“. Ве известуваме дека и покрај тоа што е изменета методологијата за пресметка на отпадот, нема зголемување на цената по единица. Сите граѓани кои добиле повисоки фактури од досегашните, треба да се обратат во канцелариите лоцирани на Зелениот пазар во Тетово како и на влезот во селото Палчиште, за да ги усогласат своите податоци за компанијата да може да врши реална наплата, се вели во денешниот допис од Општина Тетово.

Граѓаните ако не се задоволни од одговорот на претпријатието, ќе можат да се обратат до канцелариите на Општина Тетово

- Ние како општина ќе формираме посебна комисија која ќе го испита секој презентиран случај и ќе најде решение кое ќе биде во Ваш интерес. Со оглед на тешката финансиска состојба на ЈКП Тетово акумулирана со години, ги замолуваме граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за општинските услуги, доколку сакаат да имаат чиста животна средина и редовно снабдување со вода за пиење, се вели во соопштението на канцеларијата за односи со јавноста.

Австриско-словенечката компанија „Заубермахер“ учествува во јавно приватно-партнерство со Општина Тетово во делот за менаџирање на отпадот. Досега се поставени нови контејнери и табли со информации со името на „Заубермахер“. ас/лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан