• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Струмица ќе формира планинска спасувачка служба

Општина Струмица ќе формира планинска спасувачка служба

Струмица, 3 април 2025 (МИА) - Со потпишување меморандум за соработка со Алпинистичкиот клуб „Скала“, Општина Струмица ќе формира планинска спасувачка служба, соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил по средбата со алпинистите.

Како што наведува Костадинов, со тоа практично се става темел во формирањето на една таква служба на територијата на Општината и со тоа Струмица станува една од ретките општини во државата со таква доброволна служба.

-Како голем вљубеник во природата и планините, пред два месеци на средба со членовите на Алпинистичкиот клуб „Скала“ заедно ја разгледавме потребата во нашата општина да се воспостави систем за планинско спасување, што не само ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните во планините, туку и потребата од воспоставуавње на таков сервис како главен предуслов за развојот на алтернативниот и планинскиот туризам во нашата општина и нашиот регион, напиша струмичкиот градоначалник.

Додава дека на денешната наша средба и на негов предлог се согласиле дека од сега па натаму на секој следен состанок на Локалниот совет за превенција ќе биде вклучен претставник од Планинската спасувачка служба, со што таа ќе се вклучи во работата на Советот и ќе придонесе за подигнување на нивото на заштита на граѓаните. рт/са/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан