• вторник, 20 јануари 2026

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Струмица, 16 јануари 2026 (МИА) - Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето-плата на ниво на Република Северна Македонија или кои, освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство, се невработени лица што живеат на територијата на oпштина Струмица.

Самохраните родители имаат право на ослободување од плаќање надомест за престој на своите деца доколку едниот од родителите е починат, едниот родител е непознат и детето е од разведен брак, а згрижувачките семејства треба да имаат стекнато статус на згрижувачко семејство.

Повикот, заедно со пријавата, е објавен на општинската веб-страница со сите дополнителни информации и е отворен до 31 јануари. рт/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан