Општина Струмица им додели штедна книшка со 40.000 денари на првородените бебиња-близнаци
- Заменик градоначалникот на Струмица, Елена Магеровска Паликарова им додели штедна книшка со 40.000 денари на првородените машки бебиња-близнаци, кои вчера на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово.
Струмица, 3 јануари 2025 (МИА) - Заменик градоначалникот на Струмица, Елена Магеровска Паликарова им додели штедна книшка со 40.000 денари на првородените машки бебиња-близнаци, кои вчера на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово.
Ова е прва рожба на мајката Ѓоргина, а породувањето го извршија лекари и медицински персонал на Одделението за гинeкологија и акушерство при струмичката болница.
Инаку, среќниот татко на фејсбук објави дека близанците ќе ги носат имињата Јован и Јане. рт/цр
Фото: Општина Струмица