• петок, 27 декември 2024

Општина Струмица е еден од лидерите во управувањето со јавниот финансиски менаџмент во државата

Општина Струмица е еден од лидерите во управувањето со јавниот финансиски менаџмент во државата
Струмица, 2 јули 2021 (МИА) - Општина Струмица е еден од лидерите во управувањето со јавниот финансиски менаџмент во државата, оцени професорот Борче Треновски, член на експертскиот тим кој на денешната седница на Советот на општина Струмица го презентираше Извештајот за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Струмица. - Гледаме значајно подобрување во Општина Струмица поврзано со собирање на сопствените приходи, во подобрување на внатрешната ревизија и стандардите поврзани со ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, така што можеме да констатираме дека Општина Струмица во споредба со другите општини во државата, е една од лидерите по промените, пред се, во јавниот финансиски менаџмент, рече професорот Треновски. Додаде дека скоро по сите индикатори по кои била оценувана Општина Струмица покажала исклучително високо ниво. - Постоеја некои можности за подобрување кои не беа задолжителни, меѓутоа постои простор за подобрување во контекст на реализација на препораките од внатрешната ревизија и активната транспарентност може дополнително да се зголемува. Имавме една препорака поврзана со надворешната ревизија, ова не е за општината, туку дека општините треба почесто да се предмет на ревизија од државниот ревизор што дополнително ќе ја подобри работата, подвлече Треновски. Извeштајот е подготвен во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и инплементиран од УНДП по спроведувањето на обуките за зајакнување на општинските совети, а се оценувани општините Струмица, Валандово, Велес, Свети Николе, Чаир и Охрид. рт/цр

Остани поврзан