• четврток, 26 декември 2024

Општина Струмица ги реконструира игралиштата и парковите во населените места

Општина Струмица ги реконструира игралиштата и парковите во населените места

Струмица, 24 јули 2023 (МИА) - Општина Струмица ги реконструира детските и спортските игралишта и парковите во населените места со средства од општинскиот буџет од близу 10 милиони денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Просениково.

-Во населеното место Просениково практично вршиме реконструкција на трите паркови. Овде сме сведоци дека имаме зафати и на атмосферската канализација при што ќе поставиме и решетка и го решаваме проблемот по пријави од граѓаните дека при секој пообилен дожд во центарот на селото се собира вода и нема одводнување.Инаку станува збор за општински проект за кој одвојуваме близу 10 милиони денари, а тоа е ревитализација, реконструкција и рехабилитација на детските и спортските игралишта и на парковите во населените места, изјави Костадинов.

Тој најави дека во рамките на овој проект ќе се реконструираат зелените површини и во населените места Дабиле, Куклиш, Рич и во Сачево кадешто веќе се започнати дел од градежните активности и ќе траат до крајот на годината. рт/мч/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан