• четврток, 26 декември 2024

Општина Струмица ги прогласи најдобро уредените дворови пред зградите

Општина Струмица ги прогласи најдобро уредените дворови пред зградите
Струмица, 6 јули 2022 (МИА) - Со доделување ваучери од 200 и 100 илјади денари Општина Струмица ги прогласи најдобро уредните дворови пред колективните згради за домување. Најдобро уредено дворно место е на станбената зграда на улицата „Максим Горки“ број 49, а второ е на зградата на улица „Крсто Узунов“ број 3-22. Ваучерите ги врачи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Дворовите се украс на станбените единици, било да се индивидуални или колективни. Ја разубавуваат средината и ја зголемуваат еколошката свест, истакна струмичкиот градоначалник. Тој апелираше до станарите да почнат да ги уредуваат дворните места со цел градот биде уште поубав. Повикот на Општината за избор на најубаво уредено дворно место траеше од 21 февруари до 31 мај годинава, а пристигнале само две апликации кои се и наградени. Од Општината очекуваат идната година акцијата да биде помасовна и да има повеќе апликации. рт/рп/

Остани поврзан