• среда, 25 декември 2024

Општина Струмица воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии

Општина Струмица воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии

Струмица, 17 мај 2023 (МИА) - Општина Струмица воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии со поставување контејнери во соработка и партнерство со „Нула отпад“.

Контејнерите се поставени на дванаесет локации на повеќе улици во градот, а на нив има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив.

-Со ова правиме значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина со што ќе придонесеме за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијаеме на подигнувањето на јавната свест, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

Додаде дека со поставувањето на вакви контејнери ќе се мотивираат граѓаните повеќе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад. рт/вг/

 

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан