• четврток, 26 декември 2024

Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост

Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост

Струмица, 30 август 2024 (МИА) - Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост. Од нив 13 лични асистенти секојдневно ќе им помогаат на исто толку ученици во основното образование, додека четири лични и еден образовен ќе имаат ангажман во трите средни општински училишта.

Како што информираа од Општината на нивната веб-страница, личните асистенти во основното образование се финансиски поддржани од општинската каса, а тие во средните училишта се финансиски поддржани од УНДП и локалната самоуправа.

Струмица е првата општина во државата која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година. рт/мд/

Фото: МИА архива и Општина Струмица

Остани поврзан