• четврток, 12 февруари 2026

Општина Струмица активно учествува во селекцијата на отпад преку повратни вендинг машини

Општина Струмица активно учествува во селекцијата на отпад преку повратни вендинг машини

Струмица, 6 февруари 2026 (МИА) - Граѓаните на Струмица активно учествуваат во селекцијата на отпад преку повратните вендинг машини во рамките на соработката меѓу општина Струмица и компанијата за управување со отпадот од пакување „Пакомак“ од Скопје и досега се собрани 15.850 килограми амбалажа, рециклирани се над 545.000 парчиња, а во процесот се вклучени 1.329 корисници, од кои 797 активно рециклираат, соопштија денеска од локалната самоуправа.

-Со собраните 604.959 зелени поени, Струмица покажува дека малите секојдневни навики создаваат големо еколошко влијание, се наведува во соопштението.

Се додава дека во рамките на соработката во наредниот период ќе се спроведат повеќе активности како едукација на учениците, собирање поени на ниво на училишта, доделување признанија за најактивните екологисти и можност за донација на поени за заеднички еколошки проекти.рт/са/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан