• петок, 13 февруари 2026

Општина Струга упати повик до туристичкиот сектор за учество на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Општина Струга упати повик до туристичкиот сектор за учество на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Струга, 22 јануари 2026 (МИА) - Општина Струга ги поканува сите хотелиери, туристички оператори и работници од туристичкиот сектор да бидат дел од штандот на oпштината на Меѓународниот саем за туризам – EMITT Istanbul 2026, кој ќе се одржи од 5 до 7 февруари 2026 година.

Саемот, како што наведува општинската прес-служба, претставува исклучителна можност за промоција на туристичкиот потенцијал на Струга на меѓународниот пазар, нудејќи простор за нови соработки и проширување на професионалните контакти.

- Учeството на EMITT Istanbul 2026 е посебна можност за директна промоција на вашите услуги и капацитети пред меѓународна публика. Истовремено, вашето присуство на штандот на Општина Струга ќе придонесе за зголемување на видливоста на нашиот град како уникатна туристичка дестинација, позиционирајќи ја Струга на мапата на меѓународниот туризам, соопшти Општина Струга.

Заинтересираните, посочоваат, може да учествуваат со директно присуство или со промотивни материјали. 

Рокот за доставување на промотивни материјали е до 30 јануари годинава во Одделението за туризам при Општина Струга. сс/са/

Фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан