• среда, 11 февруари 2026

Општина Струга со поддршка на лицата со ретки болести

Општина Струга со поддршка на лицата со ретки болести

Струга, 9 февруари 2026 (МИА) - Со илуминации на општинската зграда, основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“, црквата „Свети Ѓорѓи“, џамијата „Мустафа Челеби“ и Плоштадот, Општина Струга се приклучи во поддршка на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.

Општина Струга, како што посочи општинската прес-служба, ја поддржува иницијативата преку осветлување на одредени јавни објекти во боите кои симболизираат солидарност и поддршка за лицата со ретки болести.

- Поаѓајќи од фактот дека секој граѓанин треба да биде еднаков и дека мораме заедно да работиме кон инклузивно и праведно општество, месец февруари е посветен на подигање на свеста и информирањето за ретките болести и секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата што живеат со нив, велат од Општина Струга.

Кампањата, нагласуваат, ќе продолжи во tекот на цел февруари, со цел зголемување на јавната свест, информираноста и емпатијата кон „ретките“ меѓу нас. сс/вг/

Фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан