• четврток, 26 декември 2024

Општина Струга и АППТ промовираат туристичките потенцијали на саемот за туризам во Тирана

Општина Струга и АППТ промовираат туристичките потенцијали на саемот за туризам во Тирана

Струга, 6 април 2023 (МИА) - Општина Струга заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денеска до 8 април учествуваат на интернационалниот саем за туризам во Тирана „Expo tourism“.

На саемот, како што соопшти денеска Агецијата, ги промовираат туристичките потенцијали на охридско – струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.

- Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Учесниците од различни земји на саемот го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија... сс/дма/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан