• среда, 15 јануари 2025

Општина Старо Нагоричане одвои повеќе средства за новороденчињата, првоодделенците и за студентите

Општина Старо Нагоричане одвои повеќе средства за новороденчињата, првоодделенците и за студентите

Куманово, 13 јануари 2025 (МИА) - Општина Старо Нагоричане одвои два милиони денари за инфраструктурно уредување на трите основни училишта во општината, соопштија денеска надлежните. Лани беа заменети прозорците во објектот во село Драгоманце. Општината ги поддржува и студентите и учениците.

- Зголемени се средствата кои ги одвојуваме за новороденчињата. Едногласно сите советници одлучивме за секое новородено да одвоиме по 30.000 денари и воедно ослободување од плаќање комуналии во период од две години за плаќање вода до потрошени 15 метри кубни, изјави заменикградоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

На ниво на општината последниве години има од 20 до 25 новороденчиња. Зголемена е и помошта за студентите од 12. на 16.000 денари месечно, а за првоодделенците од сегашните 3.000 на 4.000 денари. Во градинката, општината ќе изгради детско игралиште со соодветни реквизити. Вкупно, во општината во трите основни училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце. ам/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан