• четврток, 19 декември 2024

Општина Ресен со апел за почитување на мерките за заштита од Ковид-19 за претстојните празници

Општина Ресен со апел за почитување на мерките за заштита од Ковид-19 за претстојните празници
Ресен, 5 јануари 2021 (МИА) – Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик, Општина Ресен апелира до сите жители доследно да ги почитуваат протоколите и препораките за заштита од ковид 19. Според соопштението на општинската прес-служба, граѓаните да се воздржат од традиционалното палење коледарски огнови и да не се групираат. - Литургијата за Божик да се служи со голема претпазливост и со почитување на мерките за заштита од пандемијата. Во храмовите да се запазува дистанца и сите присутни да носат заштитни маски, стои во апелот на општината. сс/фф/

Остани поврзан