• четврток, 26 декември 2024

Општина Ранковце првпат организира буџетски форум

Општина Ранковце првпат организира буџетски форум
Ранковце, 9 ноември 2022 (МИА) - Денес започна првата форумска сесија од првиот буџетски форум што Општина Ранковце го реализира со цел партиципативно учество на граѓаните во изготвување на буџетот за 2023 година.
-Нашата општина првпат организира буџетски форум со единствена цел, буџетот за наредната година да биде по мерка и во служба на граѓаните, Форумот ќе се спроведе во текот на овој месец, а сите граѓани можат да дадат придонес, партиципативно и транспарентно да го изготвиме, заедно со нив, буџетот за 2023, бидејќи никој подобро од граѓаните не може да ги посочи проблемите и реалните предизвици в средината, рече градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски.
Целта на проектот е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, подобра соработка помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија од интерес на целата заедница. ид/дма/

Остани поврзан